КРЕДИТНИ ЛИНИИ
ProCredit Bank Македонија –
ПАРТНЕР НА КРЕАТИВНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ
ProCredit Bank во кредитното работење е фокусиранa на кредитирање на микро, мали и средни претпријатија Од ноември 2005, ProCredit Bank стана првата банка во Македонија рангирана од страна на светски познатата рејтинг агенција Fitch Ratings. Банката доби долгорочен рејтинг ББ+ за домашна валута и долгорочен ББ рејтинг за странска валута. ProCredit Bank е член на најголемата меѓународна мрежа на банки за микрофинансирање, која брои 18 финансиски инстутуции ширум целиот свет.
ProCredit Bank располага со широка понуда на кредитни производи, приспособени, пред се, на мали иматели на бизниси за кои има и најбогата понуда на кредитни производи, односно бизнис кредити. Понудата на кредитни производи на ProCredit Bank се состои од ПроЕкспрес, ПроИнстант, ПроАктив и ПроСтандард кредитите наменети за споствениците на бизниси од секторот на производство, трговија и услуги и ПроАгро кредитите наменети за сите земјоделски производители и претприемачи.
1. ПроЕкспрес Кредити
ПроЕкспрес кредитите се наменети за да обезбедат дополнителни финансии за вложување во основни или обртни средства за бизниси кои активно работат најмалку 3 месеци.
ПроЕкспрес кредитите се во висина до 60.000 МКД со рок на отплата до 24 месеци. За овие суми не е потребен гарант ниту залог. Процедурата за добивање на кредитот е брза и едноставна, а рокот на исплата е 24 часа. ПроЕкспрес кредитите од 60.001 МКД до 300.000 МКД се со рок на отплата до 36 месеци. За овие кредити потребен е само еден гарант (правно или вработено физичко лице). Рокот на исплата е 24 часа.
Услов за аплицирање за овие кредити е кредитобарателот да е државјанин на Република Македонија со минимум три месеци деловна активност.
Потребни документи за поднесување на барање:
- Лична карта на кредитобарателот
2. ПроИнстант Кредити
ПроИнстант Кредити се наменети за да обезбедат дополнителни финансии за вложување во основни или обртни средства за претпријатија кои активно работат најмалку 3 месеци.
ПроИнстант кредитите се во висина од 5.001 ЕУР до 20.000 ЕУР, со рок на отплата до 48 месеци. Обезбедувањето за кредитот е флексибилно и може да се состои од опрема, машини, автомобил, залихи, гарант или друго. Процедурата за добивање на кредитот е брза и едноставна, а рокот на одобрување е 3 дена.
Услов за аплицирање за ПроИнстант Кредитот е кредитобарателот да е државјанин на Република Македонија со минимум три месеци деловна активност.
Потребни документи за поднесување на барање:
- Лична карта на кредитобарателот
3. ПроСтандард и ПроАктив Кредити
ПроСтандард и ПроАктив Кредити се наменети за споствениците на бизниси од секторот на производство, трговија и услуги. Наменети се за поголеми инвестирања во основни или обртни средства за бизниси кои активно работат најмалку 6 месеци.
ПроСтандард кредитите се во виснина од 20.001 ЕУР до 50.000 ЕУР, со рок на отплата до 60 месеци. Обезбедувањето е по договор и може да биде опрема, машини, автомобили, недвижен имот. Одобрувањето на кредитот е за 3 дена.
ПроАктив кредитите се во висина од 50.001 ЕУР до 500.000 ЕУР со рок на отплата до 84 месеци. ProCredit Bank кај ПроАктив кредитите нуди поголема флексибилност во определивањето на кредитните услови. Одобрувањето на кредитот е за 7 дена.
Услов за аплицирање за ПроСтандар и ПроАктив кредитите е кредитобарателот да е државјанин на Република Македонија со минимум шест месеци деловна активност.
Потребни документи за поднесување на барање:
- Лична карта на кредитобарателот
- Решение од регистрација
- Решение од статистика
- Даночна карта
4. ПроАгро Кредит
ПроАгро кредитот е наменет за сите земјоделски производители и претприемачи за набавка на семенски матерјал, ѓубрива, заштитни препарати, фолии, механизација и приклучни машини; изградба на пластеници и оранжерии; производство на млеко, месо, јајца и се останато што придонесува за унапредување на Вашиот агро бизнис.
ПроАгро кредитите се во висина од 100 ЕУР до 100.000 ЕУР, со максимален рок на отплата до 60 месеци. Кај овие кредити, има можност за грејс период и/или нерегуларен план на отплата, во зависност од сезоналноста на агро бизнисот. Обезбедувањето за кредитот е флексибилно и може да се состои од механизација, возила, гарант или друго.
Рокот на исплата на кредитите со износ до 20.000 ЕУР е до 3 дена, а за кредитите со износ над 20.000 ЕУР рокот на исплата е до 14 дена.
Услов за аплицирање е кредитобарателот да е државјанин на Република Македонија и активно да се занимава со земјоделие.
Потребни документи за поднесување на барање:
- Лична карта на кредитобарателот
Без разлика на кредитниот производ за кој сте заинтересирани, ProCredit Bank ви ГАРАНТИРА брзина и транспарентност во одлучувањето. За сите потребни информации во врска со кредитните производите побарајте го Вашиот кредитен аналитичар во најблиската експозитура на ProCredit Bank.
Покрај кредитните производи, во ProCredit Bank можете да најдете комплетна банкарска услуга:
- Тековни и жиро сметки
- Бизнис и потрошувачки лимит на сметка
- ProSpar - штедна книшка (ЕУР, УСД, МКД, ЦХФ, АУД)
- ProKID – штедна книшка за деца
- Орочени штедни влогови (ЕУР, УСД, МКД)
- Платен промет во земјата и во странство
- Можност за наплата на сметки за струја, парно и мобилна телефонија без провизија
- Дебитни и кредитни картички (ProCard, Maestro Card, Visa Eelctron, Visa Classic Card, Master Card и DinersClub International)
- Visa Business Electron - дебитна картичка за правни лица
- ProPay меѓународен систем за плаќање
- ProCash брз трансфер на пари
- ПроЗапис 3 (државни записи)
- Банкарски акредитиви и гаранции
- E – banking
- Сервис за електронски изводи
- Исплата на пензии преку ProCredit Bank
За сите подетални информации можете да се обратите до најблиската експозитура на ПроКредит Банка, да ја посетите интернет страницата www.procreditbank.com.mk или да побарате информации на телефонот 02 / 32 19 950. |