1  
 
ДОМА БИЗНИС АДРЕСАР ЗА НАС КОНТАКТ    

 
аБИЗНИС АДРЕСАР
аМЕГУНАРОДНА ПОНУДА
аМАКЕДОНСКА ПОНУДА
аМАКЕДОНСКА ПОБАРУВАЧКА
аМАШИНИ И ОПРЕМА
аБИЗНИС ПАРТНЕРИ
аКРЕДИТНИ ЛИНИИ
аМАРКЕТИНГ
аМЕНАЏМЕНТ
 
МАРКЕТИНГ
 

THE DOG STRIKES BACK

Рекламата на Volkswagen, Star Wars, во која едно дете употребува „сила“ за да го придвижи автомобилот, доби продолжение. Спотот е прикажан  за време на годинашниот Super Bowl, каде задоволството да емитуваат реклами ги чинеше копаниите астрономски 3,5 милиони долари, за спот од 30 секунди. Овој пат главниот јунак е едно симпатично куче на кое новиот  Volkswagen Beettle му е инспирација за да се врати во форма. На крајот следува изненадување од друга галаксија. Впрочем погледнете сами.

БОРБАТА ЗА КЛИЕНТИ – ИГРА ЗА НАЈИЗДРЖЛИВИТЕ

Во денешното бизнис опкружување борбата за секој клиент многу често е немилосрдна, а ако планирата на конкуренцијата да и украдете некоја голема риба, таа ќе биде и долготрајна и исцрпувачка борба. Играјте на магијата на попустите и дополнителните услуги. Искористете ги слабите страни на конкуренцијата, ваша шанса е и нејзината опиеност од успехот, активниот пристап и покажаниот интерес клиентите знаат да го ценат. Направете прецизна и професионална презентација, успехот на продажбата често зависи од пораката што ја испраќа излогот. Немојте да се откажувате, но внимавајте на тенката линија меѓу упорноста и здодевањето. (повеќе)  

МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ

Користете зборови кои продаваат. Не заборавајте дека зборовите имаат моќ, но бараат многу внимание при изборт. Вистински избраните зборови или buzz words, како што се нарекуваат, се зборови кои ги будат чувствата кај луѓето. Тоа се зборови кои предизвикуваат интерес, возбуда и го забрзуваат процесот на акција кај потрошувачите

КРЕАТИВНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

Да се биде различен одамна е еден од главните предуслови за успех во сите сегменти на пазарот. Тоа не е цел само на големите брендови, туку и секојдневна стратегија меѓу познатите музички имиња. Да се има одлична песна и видео спот веќе не е доволно за да се биде in, па ако сакате песната цел ден да ви се врти по домовите, канцелариите, автомобилите, и да имате неколку илјади постирања на Facebook  ви треба покреативна и покреативна стратегија.

ЗАБОРАВЕТЕ ГО СЕКСОТ НА ПРВАТА СРЕДБА

Според истражувањата на Американското здружение за директен маркетинг USDMA, e-mail маркетингот е најсилната алатка на директниот маркетинг, бидејќи на секој потрошен долар враќа 43 долари. „Заборавете го сексот на првата средба, односно очекувањата дека ќе го убедите клиентот да го купи вашиот производ или услуга со првиот e-mail. Бизнисот се темели на интерес, а не на емоции. За да се постигне меѓусебната доверба прво е потребно „вљубување“, значи, потребно е време“,изјави неодамна маркетиншкиот гуру  Michael Leander на една конференција за e-mail маркетинг одржана во Загреб. (повеќе)

МЕНАЏМЕНТ

УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕТО

Управуањето со знаењето може да функционира само во атмосфера на доверба. Сe уште постојат компании во кои луѓето взаемно се почитуваат и се среќни ако со некого можат да го поделат она што го знаат...

 
МАКЕДОНСКА ПОНУДА

-Опрема за сито печат

Фирмата Семико - С нуди опрема и машини за сито печат.
контакт: 034/ 347 - 601, 340 - 606
semiko@semiko-s.com
www.semiko-s.com

 

   
1

СВЕТОТ ПРЕД ЧОКОЛАДНА КРИЗА

Заборавете го глобалното затоплување и недостигот на енергија, светот се наоѓа пред чоколадна криза за која се уште не се надѕира решение. На глобално ниво за да се задоволат светските потреби, производството до 2020 година ќе мора да се зголеми за еден милион тони годишно, што за жал во сегашниве услови не е можно. (повеќе)

1

Грција
НЕДЕЛНО УМИРААТ ПО 1000 ФИРМИ


Во Грција, која се соочува со голема должничка криза, секоја недела се гасат околу 1000 мали и средни претпријатија. Во 2011 година секоја шеста фирма ги намалила своите приходи, а затворени се речиси 150 000 работни места. Според проценките на Европската унија, во 2010-та во државата имало 742.600 мали претпријатија, со 2,512 милиони вработени, што е 85 проценти од вкупниот број и претставува рекорд во ЕУ.(повеќе)

1

SKYPE ЈА НАПАДНА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Новата рекламна кампања на Skype има интересен слоган When did LOL replace the sound of laughter? („Кога LOL успеа да го замени звукот на вистинското смеење?“). Од Skype испраќаат порака дека ние луѓето сме создадени за да се слушаме, гледаме и да чувствуваме, а себе се претставува како медиум кој сево ова може да ни го овозможи, без разлика на далечината, за разлика од некои други слични медиуми, каде што мора да употребуваме различни кратенки за да ги искажеме сопствените чувства. (повеќе)

1

МОНАКО НАЈСКАП, ЛОНДОН НАЈВАЖЕН


На светските богаташи најважното место во светот - Лондон, не им е истовремено и најпосакувано за живеење, бидејќи цените на недвижнините и понатаму се далеку најголеми во Монако, каде просечната цена на еден метар квадратен е 58.300 долари. Втората најскапа локација, исто така, се наоѓа на француската ривиера – тоа е полуостровото во близина на Ница, Cap Ferrat, а третото и четвртото место го заземаат Лондон и Хонгконг.(повеќе)

1

Унгарија
240 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДЕНТАЛЕН ТУРИЗАМ

Унгарските забари минатата година само од „туристите“ од Западна Европа заработиле 240 милиони евра. На овие бројки треба да им се додадат и трошоците за сместување, храна и за редица други услуги, па кога се ќе се собере, според Здружението за медицински туризам, во унгарскиот буџет од забарскиот бизнис годишно се влеваат  по 15 милијарди фореинти или повеќе од 51 милион евра. Повеќето од овие таканаречени туристи, кои на забарските услуги, во просек, заштедуваат по 2.500 евра, се од Велика Британија, Германија, Италија и Франција.(повеќе)

1

Животни лекции од милијардерите
ВЕРУВАЈТЕ МУ НА ИНСТИКТОТ


Најбогатите луѓе на светот, милијардерите како Warren Buffett и Bill Gates не ги заработија милијардите преку ноќ. Со текот на годините тешка и напорна работа многумина од нив стекнаа навики кои можат да им бидат корисни на сите. Поради тоа ви презентираме шест приказни за навиките на милијардерите кои можат да ви помогнат да заштедите пари, но и да ја донесете вистинската одлука.(повеќе)

1

ЛУКСУЗОТ  ИМУН НА РЕЦЕСИЈАТА

„Како стареат, така стануваат се поинтересна цeлна група за престижните брендови„ – покажа истражувањето спроведено од American Express Business Insights (AEBI). Припадниците на генерацијата Y ( од 18 – 34 години ) своите пари се повеќе ги трошат на престижни стоки или поточно во 2011 година потрошиле за 31 отсто повеќе од 2010-та. Изгледа дека лани за луксузот не постоела рецесија. Дури и генерацијата Х и baby boomers-ите ги отвориле своите буџети за луксузните брендови, трошејќи за 23, односно за 19 проценти повеќе отколку во 2010 година (повеќе)

1

БРИТАНЦИТЕ ГО ИЗБРАА ROLEX

Британскиот Consumer Superbrands ја објави ранг-листата на најдобрите брендови во Велика Британија за оваа година. Првото место го завзема Rolex, кој очигледно знаеше, не само како да го задржи минатогодишниот успех, туку
и како да го подобри. Од ланската втора позиција, годинава е прогласен за најдобар бренд во Британија. Минатогодишниот првенец Mercedez-benz мораше да се задоволи со четвртото место, а втората и третата позиција ги завземаат Coca-Cola и Google (повеќе)

1

ГРЧКИОТ БАНКРОТ БИ ЈА ЧИНЕЛ ЕВРОЗОНАТА 1000 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Хаотичен банкрот на Грција би предизвикал многу значајни и штетни последици“ наведува Институтот за меѓународни финансии (IIF) во докумемнтот до кој дојде Reuters. „ Тешко е прецизно да се избројат сите штети, иако е тешко да се замисли дека тие би биле помали од 1.000 милијарди евра“, исто така е дел од констатациите во овој документ, кој Reuters го добил од еден извор на пазарот. Тој носи дата од 18. февруари и назнака „доверливо“. (повеќе)

1

НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ БРЕНДОВИ ВО 2012

Веќе втора година по ред Interbrand ја објавува својата годишна ранг-листа на најдобрите светски брендови (The Best Retail Brands Report), која ги квалифицира компаниите според вредноста на нивните брендови на различни светски пазари (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Азиско-пацифичкиот регион).  Најдобри годинава се: Wallmart во САД , Tesco во Велика Британија, Carrefour во Франција, Aldi во Германија, Zara во Шпанија и Woolworths во Азиско-пацифичкиот регион (повеќе)

1
 
 
`