ШОПИНГ ВО РИТМОТ НА МУЗИКАТА ЗА ТАНЦ
Докажано е дека добрата музика, пуштена на вистинското, не премногу гласно ниво, може да го подобри расположението и да ги донесе потенцијалните купувачи во состојба да одлучат да се фатат за својот паричник. Затоа изборот на музичката позадина во вашата продавница е исто толку битен елемент, како и скапоцениот мебел, љубзениот персонал или атрактивната локација.
Првиот впечаток на купувачот за продажниот простор е најважната информација што тој ќе ја однесе со себе. Се што тој ќе види внатре: цените, изборот на стоки, амбиентот..., долго време ќе се провлекува низ призмата на впечатокот што тој го добил за вашата фирма.
Одлуката за купување се носи на самото место
Музиката влијае врз брзината со која купувачите се движат низ големите продавници. Логично е дека тие повеќе ќе купуваат ако се движат поспоро. Во вакви услови потрошувачите се само маргинално свесни за музиката, а сосема е сугурно дека тие воопшто не се свесни за влијанието што таа го има врз нивното однесување. Истражувањата покажуваат дека речиси 66 отсто од одлуките за купување се носат во самата продавница, што само посебе ја потврдува констатацијата дека музиката, како декор во нив, е исклучително важна.
Музиката генерира среќа
Токму заради овие емоционални реакции на одредени видови музика, битно е да се одбере вистинската. Најчесто тоа е некоја весела музика со многу ритам, која влијае и врз создавањето на серотонинот, таканаречениот ензим на среќа. Зголеменото ниво на серотонин влијае врз чувството на среќа и сигурност, што, пак, влијае врз носењето на одлуката за купување.
Истражувањата покажуваат дека веселата и ритмичка музика ќе го зголеми расположението на купувачите, додела мирната и тажна музика влијае негативно, дури и депресивно.
Лош избор, особено за повозрасните потрошувачи, е гласно пуштената музика, која влијае иритирачки. Но, мора да се каже дека некои компании на кои таргет им се младите луѓе, намерно симулираат диско услови, бидејќи е тоа имиџ на брендовите што ги продаваат. |