MARS INCORPORATED ДОБИТНИК НА КАНСКИОТ ЛАВ ЗА ОГЛАСУВАЧ НА ГОДИНАТА
Организаторите на 59–те КАНСКИ ЛАВОВИ, Меѓународниот кански фестивал за креативност, го објавија годинашниот добитник на наградата огласувач на годината. Ова престижно признание годинава заврши во рацете на компанијата Mars Incorporated. Комапинија позната, пред се, по славата на своите брендови: Mars, Snikers, Twix, Pedigree, Orbit и многу други.
Стручното жири на фестивалот оваа награда ја доделува на компанијата која што предходната година имала најуспешни и најкреативни маркетиншки активности, а годинава се одлучија токму за Mars. Ова не е прв пат Mars да добие Кански Лав, првиот го освоија во 1990 година, а од тогаш имаат добиено уште 77 награди во различни категории. |