Маркетинг
ПРЕМАЧКАНИ СО СИТЕ БОИ
„Ми се допаѓа овој автомобил, миличок. Кој мила? Овој...овој црвениов„! Можеби овој разговор ќе ви изгелда како дел од брачните води, но во светот постојат илјадници научни студии и една цела гранка во маркетингот кои ги проучуваат значењето и влијанието на боите врз однесувањето на луѓето во животните ситуации, како и врз однесувањето на луѓето како потрошувачи. Боите се битен елемент во маркетиншкото комуницирање меѓу производот и купувачот. Постојат корелации меѓу одделни бои, групи потрошувачи и производот и услугата.
Боите се својства на светлината која се рефлектира на различен начин од површината на материите околу нас. Но, од сувопарните дефиниции, побитни се чувствата што не обземаат кога ќе видиме некоја боја и конотацијата што со неа ја поврзуваме. Свесни за големото значење на овие наши субјективни чувства, маркетиншките компании многу често ги градат своите планови за палсман на производите и услугите кон одреден сегмент на купувачи. Во тоа боите имаатнавистина важна улога.
Бојата на огнот и револуциите
Една од најзначајните бои во маркетингот е црвената. Симболизира динамичност, сила, среќа, агресивност и сексуалност. Во историјата ги симболизираше револуционерните процеси и често се употребува за ребрендирање на некој познат производ.
Небесно сина
Сината боја е симбол на верноста, вистината, бесмртноста и духовноста. Делува релаксирачки. Во компаниите клиентите треба да се смират и да се чувствуваат сигурни. Често се употребува во авиокомпаниите и во осигурителните друштва. Во Америка е омилена боја и докажано го смирува крвниот притисок.
Боите на природата
Зелената боја дејствува смирувачки, бидејки е директно врзана со природата. Оваа боја сугерира на одмор и оздравување и често се употребува на амбалажата на производите со здрава и еколошк димензија.
Жолтата боја ги симболизира среќата, духовноста, разумот, креативноста. Тоа е бојата на создавањето, топлината и радоста. Со оваа боја се привлекуваат темпераментни и екстравагантни луѓе, кои размислуваат и живеат активно.
Акрономски бои
Белата и црната боја ги симболизираат спротивностите. Белата боја ги симболизира: редот, невиноста, чесноста... Оваа боја е привлечна за интелектуалците кои бараат модерен производ, но и истражувачите и урбаната популација.
Црната боја е контрадикторна. Потрошувачите или ја сакаат или не ја сакаат. Таа е традиционален симбол на злото, тагата и несреќата, но, исто така, е и елегантна, таинствена, секси и силна. Ја употребуваат компаниите што имаат врвни производи, веќе докажани на пазарот. Оваа боја особено ја сакаат луѓето кои не држат многу до авторитетите, конвенционалноста, правилата.
Боите се една од најголемите стимулации во маркетиншките кампањи. Тоа е првата работа што ја гледа купувачот и заедно со дизајнот е пресудна при формирањето на мислењето на потрошувачите за некој производ. Во услови на голема конкуренција на пазарот, внимателно избраните бои, насочени кон правилно дефиниран сегмент купувачи, може многу да ви помогне во истакнувањето на посебноста на производот што го нудите, но и на вашата компанијата.
Симона Варналиева
|