Герила маркетинг
FREE – ЗБОР КОЈ ГИ
ОТВОРА ПАРИЧНИЦИТЕ
"Free" или „бесплатно“, според тврдењето на експертите за маркетинг, е најсилниот збор во англискиот јазик. За обичниот потрошувач тој претставува мала победа над системот, срочена во изјава од типот: „добро поминав“. Компаниите зборот "Free" го употребуваат како алатка со која се обидуваат да се пробијат низ пазарната конкуренција во борбата за купувачите.
Нема дилема дека зборот „бесплатно“ е неодолив за сите потрошувачи, особено за оние кои се навикнати да купуваат производи или услуги со кои задолжително оди нешто гратис. Меѓутоа, за вистинските претприемачи само овие клиенти не можат да им бидат целната група. Тие мораат посветено да работат и на други модели за привлекување нови купувачи во својот продажен синџир.
Колку чини бесплатното?
Бесплатните производи, сепак, во себе кријат одредена стапица. Кога нешто се нуди бесплатно, за било кое време на траење, во очите на купувачите вредноста на производот и услугата се намалува. Заради тоа преоѓањето кон принципот на плаќање е ризичен потег – купувачите со право се прашуваат зошто сега мораат да плаќаат за нешто што го добивале гратис?
Во практиката најчесто дополнителните услуги кои се рекламираат во рамките на некоја пакет понуда се бесплатни. Сетете се, на пример, на опциите што најчесто ви ги нудат мобилните оператори. Или на фирмите што нудат бесплатна достава, односно хотелите во кои можете да корисните Free интернет. Се разбира цената на пакетот ја покрива бесплатната услуга – тоа сите го знаеме, но тука престанува рационализацијата, а почнува психологиојата на потрошувачот. Бидејќи бесплатното е сепак - бесплатно.
Симона Варналиева
|