Да се биде различен одамна е еден од главните предуслови за успех во сите сегменти на пазарот. Тоа не е цел само на големите брендови, туку и секојдневна стратегија меѓу познатите музички имиња. Да се има одлична песна и видео спот веќе не е доволно за да се биде in, па ако сакате песната цел ден да ви се врти по домовите, канцелариите, автомобилите, и да имате неколку илјади постирања на
Facebook ви треба покреативна и покреативна стратегија.
Канадската група, Arcade Fire, по соработката со Google за својот видео спот The Suburbs, повторно ги изненади фановите претставувајќи го новиот интерактивен видео спот за синглот Sprawl II (Mountains Beyond Mountains). Со помош на видео камера или, пак, наједноставно со маусот може да ги контролирате движењата во видеото или да составите сосема нова кореогравија. Затоа земете пет минутен одмор и уживајте во музиката на Arcide Fire додека ја редизајнирате нивната кореографија. http://www.sprawl2.com/