ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








30 години МЕЛМАКС БМ

30 години МЕЛМАКС БМ

Како една од првите приватни фирми за трговија со градежни материјали во Република Македонија, во 1993 година започнавме како пионери во оваа индустрија и преку довербата, визионерството, вербата и посветеноста славиме 30 успешни години од постоењето.

Трајните вредности на МЕЛМЕКС БМ се: долготрајност, доверба, транспарентност и енергија на заедништво со купувачите и добавувачите, како и колегијалност, кредибилитет и лојалност со вработените.

Компанијата е лоцирана на две локации: дирекција во Порта Влае и стовариште во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи, кои се од сите градови низ Македонија преку нашите партнери – стоваришта за градежни материјали со кои имаме деловна соработка.

Нашиот широк спекатар на производи ви нуди комплетни решенија за изградба на вашиот дом или деловен простор, во согласност со последните светски трендови во дизајнот и производствените иновации.

Во текот на изминатите 30 години МЕЛМАКС БМ забележа успешен раст и развој благодарение на тимот кој професионално, одговорно и посветено ги реализира своите задачи, надминувајќи ги сите предизвици.

Преку заедничките трајни вредности со нашите вработени, добавувачи и коминтенти МЕЛМАКС БМ изгради реноме како партнер од доверба. 

 

Дознајте повеќе за нас

www.melmaksbm.clubeconomy.mk