Filters
Пребарување
АГАНДА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГАНДА се занимава со производство и пласман на квалитетни и еколошки чисти земјоделски производи

Преработка и пакување на овошје и зеленчук

Нудиме овошје и зеленчук: свежо, замрзнато и конзервирано

Подетално за компанијата

Компанијата АГАНДА се занимава со производство и пласман на квалитетни и еколошки чисти земјоделски производи. Главната дејност ни е преработка и пакување на овошје и зеленчук. Нудиме овошје и зеленчук: свежо, замрзнато и конзервирано.

aganda-clubeconomy
aganda-clubeconomy

Во соработка со производителите се грижиме за овошјето и зеленчукот уште од неговото садење, одгледување, па се до бербата. Потоа ние го складираме и го пакуваме според највисоките стндарди за да добиеме најквалитетен производ кој може да се пласира на европскиот пазар. Интенцијата ни е на пазарот да понудиме квалитетни и еколошки чисти земјоделски производи и тоа да биде заштитен знак на АГАНДА, по кој ќе бидеме препознавани на пазарите во Европската унија, но и на домашниот и пазарите во регионот.

Во нашата понуда е опфатено овошје и зеленчук кои излегува на пазарот од рана пролет до касна есен, со што им помагаме на земјоделците да ги пласираат своите производи, а воедно им понудиме широка палаета на нашите партнери.

aganda-clubeconomy
aganda-clubeconomy

Компанијата АГАНДА, покрај калибрирањето и пакувањето на овошјето и зеленчукот, еден дел од него и преработува. Имаме и смрзната програма, која планираме да ја зголемуваме, како од аспект на асортиманот, така и од аспект на квантитетот. Компанијата располага со HACCP сертификат, кој ни помага во нашата извозна ориентираност, во што веќе имаме значајни резултати, бидејќи дури 95 проценти од извозот оди во земјите од Европската унија.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јордан Златаноски бр. 72, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Фатон Шаќири


Мапа