Filters
Пребарување
АГРОЦЕНТАР дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГРОЦЕНТАР дооел од Битола, се занимава со производство и продажба на:

- Добиточна храна
- Семенски материјал за житни култури
- Продажба на еднодневни пилиња

 

АГРОЦЕНТАР дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АГРОЦЕНТАР

АГРОЦЕНТАР дооел е компанија која дваесет години се занимава со производство и промет со добиточна храна, продажба на еднодневни пилиња, производство и доработка на семенски материјал за житни култури.

За производство на добиточната храна користиме суровини од сопстеното примарно земјоделско производство, како и суровини од други производители, а самото производство се реализира во село Карамани, каде располагаме со сопствен млин за мелење и мешање на добиточната храна. Храната што ја произведуваме е со одличен квалитет, ги задоволува и најстрогите стандарди и е наменета за исхрана на сите видови добиток. Продажбата на добиточната храна се реализира директно до нашите традиционални коминтенти, а еден дел и преку нашата продавница за добиточна храна и земјоделската аптека, кои се лоцирани во Битола на ул. Прилепска бр. 40 и 42.

Во село Карамани е лоциран и нашиот капацитет за производство, селектирање и доработка на семенски материјал за житни култури. На пазарот нудиме семенски материјал за производство на сите видови житни култури, со контролиран квалитет и гарантирано високи приноси.

АГРОЦЕНТАР дооел на пазарот е познат и по продажба на еднодневни пилиња, кои исто така се со контролирано потекло и гарантирана сортност.

agrocentar-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Прилепска бр.40, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Пеце Мацанковски


Мапа