Filters
Пребарување
АГРОИНВЕСТ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГРОИНВЕСТ се занимава со производство и продажба на:

- Сточна храна за краварство, овчарство, живинарство, свињарство
- Храна за домашни миленици: кучиња, мачки, птици. Ексклузивни дистрибутери на познатиот бренд VIOZOIS СА
Откуп на сите видови житарици: пченка, пченица, јачмен и останати
- Транспорт на стоки во и од балканските и европските земји, преку компанијата ТЕРРАВИА дооел 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008

Подетално за компанијата

АГРОИНВЕСТ

Компанијата АГРОИНВЕСТ започна со работа на почетокот од 1991 година. Исхраната на животни опфаќаше голем дел од тогашните деловни активности. Клучни сегменти беа увоз, трговија и дистрибуција на разновидни сточни храни, житарици и дополнителни хранливи додатоци. Во 1995 година компанијата започна со изградба на погон за производство и складирање на готови сточни храни. Оваа гринфилд инвестиција е завршена во 2001 со што фабриката го доби сегашниот изглед кој постојано се надоградува и дополнува со нови инвестициски проекти во опрема и објекти. Од 2001 година компанијата работи со веќе препознатливото име АГРОИНВЕСТ како на домашиот, така и на околните балкански пазари.

Формулата за успех се должи на искусниот персонал во областа на производство и менаџмент и употребата на современа технологија за проиводство.

Види повеќе
agroinvest-clubeconomy

СТОЧНИ ХРАНИ

АГРОИНВЕСТ постојано е активна во унапредување на технологија за производство на готови сточни храни и користење на врвно научно познавање од областа на нутрицијата на животни. На овој начин нашиот тим создаде квалитетна производна програма, со широк спектар на специјализирани храни во областа на говедарство, свињарство, живинарство и овчарство.

agroinvest-clubeconomy

Храни за домашни миленици

Нашата посветеност кон севкупната животинска исхрана се проширува со увоз и трговија преку ексклузивна дистрибуција на различити храни за вашите миленици, вклучувајќи храна за кучиња, мачки и птици.

agroinvest-clubeconomy

ДИСТРИБУЦИЈА

Дистрибутивна мрежа на АГРОИНВЕСТ ја опфаќа целата територија на Македонија. Со сопствен возен парк од товарни и помали комерцијални возила секоја нарачка ја доставуваме до крајната локација на купувачите во најбрз можен рок.

agroinvest-clubeconomy

МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ

АГРОИНВЕСТ е присутна и во меѓународниот транспорт преку сопствена транспортна фирма ТЕРРАВИА. Нудиме услуги во меѓународиот транспорт на стоки со товарни возила на територијата на Балканскиот Полуостров и во неколку европски земји.

agroinvest-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Орде Чопела бб, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи