Filters
Пребарување
АГРО КАЛЕМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АГРО КАЛЕМ се занимава со производство на висококвалитетни сертифицирани:

- Лозови садници
- Овошни садници
- Производство на првокласно трпезно грозје

Производство на МАЏУН, чудотворниот лек од Тиквешијата

Продажба на ѓубрива и земјоделска механизација

СЕРТИФИКАТИ

GLOBALGAP сертификат, за животна средина, за квалитет, за општествена одговорност, за коректна фирма, за деловна успешност

Подетално за компанијата

АГРО КАЛЕМ од село Тимјаник, Неготино е семејна компанија формирана од Гоце и Васка Мојсовски, која постои веќе 23 години. Главна дејност ни е производство и продажба на трпезно грозје и лозов и овошен саден материјал. Нашите производи се со одличен квалитет.

agro-kalem-clubeconomy
agro-kalem-clubeconomy

Под сончевите зраци во срцето на Тиквешијата, покрај реката Вардар, на надморска височина од 150 метри, во атарот на Тимјаник се наоѓаат нашите плантажи со трпезно грозје и расадникот за лозови и овошни садници. Главната цел на компанијата е инвестирање во подобрување на техниките за берба, пакување на грозјето и чување во соодветен ладилник. Посебен акцент ставаме врз начинот на пакувањето на грозјето и амбалажата. Инвестирањето во пакувањето значи додадена вредност на производите, со што ја зголемуваме конкурентноста на домашниот и странскиот пазар. Нашите производи се класирани и сортирани соодветно на потребите на клиентите.

Произведуваме овошни садници од сите видови и сорти: јаболко, слива, круша, кајсија, цреша, праска, вишна, бадем, орев... Од винските сорти на садниците за лозови насади ги имаме: шардоне, смедеревка, вранец, кратошија, темјаника... А од трпезните сорти: викторија, кардинал, палиери, страшенски, афузали, мускат италија, молдавија...

agro-kalem-clubeconomy
agro-kalem-clubeconomy

За да обезбедиме максимален квалитет на она што го нудиме на пазарот изградивме и сопствен ладилник, кој ни овозможува на најсоодветен начин да ги чуваме сопствените производи (трпезното грозје и садниците).

ПРОИЗВОДСТВО НА МАЏУН

Во градот под виновата лоза највкусната храна се прави од грозје, а само од неговиот сок се добива производ со карактеристичен мирис, слатко-кисел вкус и арома – чудото од лек кој поттекнува од Тиквешијата – неговото височество МАЏУНОТ.

Маџунот, уште наречен гроздов слад, е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Маџунот претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок и е одлична замена за сахарозата (белиот шеќер).

Приказната за овој природен засладувач е стара колку и грозјето. Во минатото, нашите баби и дедовци немале шеќер во изобилство, бидејќи бил прилично скап, па слатките и колачите ги подготвувале со маџун. Маџунот го правеле од бели и црвени сорти грозје. Колку верувале во неговата лековитост, зборува фактот дека со маџун ги хранеле и бебињата. Денес науката овој начин на исхрана го докажа како исклучително здрав. Во Тиквњшијата е позната изреката дека маџунот од бело грозје е храна, а од црвеното грозје е лек.

agro-kalem-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Тимјаник бб, 1440 Неготино
Град: Неготино
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Васка Мојсовска
Гоце Мојсовски


Мапа

Документи