Filters
Пребарување
АКВАРЕЛО ДОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АКВАРЕЛО ДОМ се занимава со:

- Реновирање на станови, куќи
- Изведување завршни работи во градежништвото
- Изработка на ентериери
- Изградба на монтажни куќи

Подетално за компанијата

АКВАРЕЛО ДОМ е компанија која се занимава со изведување на ентериери по принципот клуч на рака, како за станови и куќи, така и за деловни овјекти, ресторани, кафетерии, продавници, книжарници... Особено сме горди на Literatura.mk Superstore, најголемата книжарница во Македонија отворена во Скопје City Mall, каде во реализацијата и изведбата на ентерирот учествувавме од самиот почеток.

АКВАРЕЛО ДОМ изработува и монтира мебел по мерка за кујни, дневни, спални и детски соби, при што нудиме и целосни решенија за просторот, водејќи сметка да понудиме модерни решенија и максимална функционалност.

akvarelo-dom-clubeconomy

монтажни куќи и куќи од дрво

Значаен сегмент од активностите на АКВАРЕЛО ДОМ е и изградба на монтажни куќи и куќи од дрво, кои ги задоволуваат и најстрогите стандарди за енергетска афикасност и безбедност. Според локацијата и намената на куќите можеме да ви понудиме најразлични решенија, со и без целосно внатрешно уредување и опремување, а стручноста и авангардноста на тимот на АКВАРЕЛО ДОМ ќе ја разбуди вашата фантазија. Резултатот несомнено ќе биде да добиете куќа од соништата.

akvarelo-dom-clubeconomy
akvarelo-dom-clubeconomy

опрема и мебел за дворови и јавни површини

Во овој дел на нашата активност спаѓа и изработка на натсрешници, перголи, опрема и мебел за дворови и јавни површини, како и дизајнирање и изведба на екстериерно уредување на дворови и други јавни површини.

Во АКВАРЕЛО ДОМ се занимаваме и со изработка на исполни за огради, паравани, жардињери, светлечки реклами, украсни светилки и тотеми од челичен лим со водено сечење и завршно електростатско бојадисување.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Улица 7, бр. 15 село Долно Лисиче, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа