Filters
Пребарување
АЛФА ИМПОРТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АЛФА ИМПОРТ се занимава со увоз и дистрибуција на градежни материјали на целата терирорија на Македонија

- Керамички блокови за градба
- Ytong блокови
- Ќерамиди 
- Термоизолација
- Хидроизолација
- Водоотпорни панели

Подетално за компанијата

 
ВАШАТА ГРАДЕЖНА СОЛУЦИЈА

АЛФА ИМПОРТ

 

Компанијата АЛФА ИМПОРТ е формирана во 1995 година и сите овие години успешно работи на македонскиот пазар, воспоставувајќи нови стандарди во областа на продажно-дистрибутивното работење со градежни материјали. Составена од тим од професионалци со истакнато искуство и знаење, АЛФА ИМПОРТ постигна голем успех во понудата на висококвалитните градежни решенија, овозможувајќи денес, компанијата да нуди иновативни градежни солуции, кои ги задоволуваат и највисоките еколошки и енергетско-ефикасни барања.

Главна дејност на АЛФА ИМПОРТ е увоз, продажба и дистрибуција на големо со висококвалитетни градежни материјали, покривни системи (глинени и бетонски ќерамиди), фасадни и силикатни тули, материјали за градба (термоблокови, гасбетонски и силикатни блокови, гитерблокови, ферт каналици), термоизолација (камена минерална волна, стаклена минерална волна, кровни фолии), хидроизолација (хидроизолациони битумнески ленти, битулит, хидроизолациони мембрани) и градежни лепила/малтери (акрилни бели/сиви лепаци за плочки). Нашиот продажен салон за градежни производи се наоѓа во Скопје, сместен во Источната индустриска зона – Маџари, Стовариште “Туртел”. Од 2008. година се вклучивме во изградба на станбено-деловни објекти на неколку локации во Скопје. Објекти кои ги градиме се според најновите европски стандарди и норми, со геомеханичка стабилност, асеизмичка сигурност, запазувајќи ги најновите прописи за енергетска ефикасност. Ние сме тука да ви ги понудиме најдобрите и најефективните техники на градење.

ЗАСТАПНИЦИ

АЛФА ИМПОРТ е екскузивен увозник и застапник на неколку странски реномирани компании, како NEXE POELT Нови Бечеј, NEXE STRAZILOVO Србија, NEXE DILJ Хрватска, UNIVERZUM Кубршница, TOZA MARKOVIC Кикинда, ZORKA OPEKA Шабац, RAPID APATIN Апатин, BITUMENKA Сараево, TERRAN Унгарија, URSA Словенија, KNAUF INSULATION Сурдулица Србија, POТISJE KANJIZA (Tondach) Кањижа Србија, техники (Ytong, Silka) коoрпорација Бугарија, SRDJAN NIKOLIC Србија, ATHLOS Грција и GUTTA Италија.

Компанијата гради препознатлив имиџ базиран врз доверба, лојалност и блиска соработка со сите наши партнери и добавувачи. Располагаме со:

  • • Квалитетна дистрибутивна мрежа за транспортирање на градежни материјали

  • • Широко развиена продажна мрежа, поддржана со комплетна инфраструктурна логистика

  • • Широка палета на градежни материјали

  • • Простран и добро организиран магацин

  • • Флексибилна комерцијална и финансиска служба.

alfa-import-clubeconomy

ПОКРИВНИ СИСТЕМИ

  • Глинени ќерамиди со природни, матирани и сјајни бои

  • Бетонски ќерамиди

  • Специјални ќерамиди

alfa-import-clubeconomy
alfa-import-clubeconomy

ФАСАДНИ ТУЛИ

Силикатни фасадни тули во повеќе формати и бои, погодни за сите видови ѕидови и ентериерски решенија.

  • • Фасадните тули од програмата на Zorka Opeka

  • • Фасадните тули од програмата на Silka

  • • фасадни тули на Рапид Апатин

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ГРАДБА

  • • Продажниот програм на материјали за градба опфака енергетско-ефикасни термоблокови.

  • • Програмата на Klimabloc вклучува термоблокови за ѕидање на надворешни ѕидови, термо блокови за преградни ѕидови, термоблокови за меѓуспратни конструкции и венталациони блокови

  • • Програмата на Univerzum опфака гитер блокови, преградни блокови, полни цигли, ферт греди, ферт каналици

  • • Програмата на брендот Ytong вклучува 5 типа на блокови

  • • Програмата на брендот Silka вклучува калциум силикатни блокови во четири формати и осум модели

  • • Програмата од брендот Multipor вклучува минерални изолирачки плочи кои се негорливи и еколошки минерален производ

  • • Програмата на NEXE IGM STRAZILOVO опфаќа енергетско-ефикасни термоблокови кои се произведуваат во поголеми димензии во однос на класичните цигли

  • • Програмата KLIMABLOC вклучува термоблокови за ѕидање на надворешни ѕидови

alfa-import-clubeconomy

ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА

  • • Knauf програмата вклучува материјали за изолација, камена волна, стаклена волна, екструдиран полистирен (стиродур), експандиран полистирен (стиропор), полиуретан фургон, паропропусни водонепропусни кровни фолии и техничка изолација за цевки.

  • • URSA програмата опфака топлинска и звучна изолација од минерална стаклена волна.

alfa-import-clubeconomy
alfa-import-clubeconomy

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА

  • • Програмата на Bitumenka вклучува полимербитуменски хидроизолациони материјали. Линијата на производи ги покрива сите внатрешни и надворешни структури на хидроизолација, класични битуменски хидроизолациски ленти, класични битуменски маси, битуменски лакови и битуменска емулзија за патиштата

  • • Програмата на Gutta вкулучува хидроизолациони мембрани за темели за куќи и згради

ГРАДЕЖНИ ЛЕПИЛА/МАЛТЕРИ

  • • Програмата на Athlos опфаќа полиакрилни лепаци за плочки со висок стандард на цементна база збогатени со адитиви од смола. Се карактеризираат со висока стапка на издржливост, отпорност на ширење и собирање, лесно справување со влажност и непогодни климатски услови. Се користат на површини подложни на голем притисок

  • • Ytong Тенкослоени малтер лепак кој претставува ѕидарски раствор за лепење. Се употребува за подготовка на раствор за лепење блокови од гасбетон, нанесување на малтер на Ytong ѕидовите, внатрешно малтерисување на Ytong ѕидовите, за ѕидање на внатрешни неносечки преградни ѕидови

alfa-import-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Источна индустриска зона - Маџари, Складиште „Туртел“, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа