Filters
Пребарување
АРОМА УНО доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АРОМА УНО се занимава со печење, пакување и дистрибуција на зрнести производи

  • Кикирики во јатка, кикиритки во лушпа, пржени кикиритки, зачинети кикиритки
  • Леблебија (обична, двојно печена, солена)
  • Сончоглед ( печен, солен, семки)
  • Бадеми, лешници, фстаци
  • Грав
  • Леќа
  • Ориз
  • Црвен пипер

Подетално за компанијата

АРОМА УНО – НЕШТО ВКУСНО ЗА ГРИЦКАЊЕ

АРОМА УНО доо е приватна компанија формирана во 2003 година. Основна дејност на фирмата е печење, пакување и дистрибуција на зрнести производи.

Од формирањето на АРОМА УНО до денес, главна преокупација на сите вработени во компанијата е да понудиме на пазарот нешто оригинално и поразлично од другите фирми, во смисла на квалитет и изглед на нашите производи. Во таа намера бевме многу успешни и резултат на сето тоа е брзото проширување на бизнисот и брзиот раст на фирмата. Така што, за кратко време бројот на вработените се зголеми, а и постојано ја проширувме дистрибутивната мрежа во Македонија.

Како резултат на нашиот брз растеж , бевме номинирани за најбрзорастечка компанија во Македонија, во доменот на прехранбената индустрија.

aroma-uno-clubeconomy

INTERNATIONAL FOOD & BEVERAGES QUALITY AWARD

Во 2014 година, АРОМА УНО ја доби Наградата за интернационален квалитет на храната од изборната комисија на INTERNATIONAL FOOD & BEVERAGES QUALITY AWARD. Оваа награда се заснова врз информациите добиени од 7.500 претприемачи на GLOBAL TRADE LEADERS' CLUB од 90 различни држави. Наградата е креирана од страна на GLOBAL TRADE LEADERS' CLUB, со цел да се направи разлика меѓу фирмите од секоја индустриска бранша чии производи и услуги заслужиле универзално признание и како признавање и промоција на филозофијата за квалитет присутна во индустријата за храна и пијалаци, истовремено во производството и во дистрибуцијата.

aroma-uno-clubeconomy

НОВИТЕТИ

Во текот на работењето постојано се обидуваме да внесеме нешто ново, некој нов производ и веќе сме познати по зачинетите и пикантни кикиритки, кои се новитет на македонскиот пазарот. Овој производ многу брзо беше прифатен од потрошувачите, бидејќи е многу квалитететен, а комбинацијата на зачините со кои што се печат кикиритките направија да добиеме хит производ меѓу консументите.

aroma-uno-clubeconomy

ВКУСНИ И КВАЛИТЕТНИ

Дополнителна стимулација за нашата работа се повратните информации што ги добиваме од потрошувачите дека се работи за вкусни и исклучително квалитетни производи од целата наша производна програма.

aroma-uno-clubeconomy
АРОМА УНО – МАЛИ ЗРНЕСТИ ЗАДОВОЛСТВА
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Трајко Николоски бр. 48,
7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/301 619

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-ѓа Весна


Мапа