Filters
Пребарување
АРТЕ НОВА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АРТЕ НОВА се занимава со производство на мебел и уредување на ентериери

- Кујни
- Спални соби
- Детски соби
- Дневни соби
- Канцелариски мебел
- Опремување на деловни објекти

АРТЕ НОВА дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АРТЕ НОВА

Компанијата АРТЕ НОВА дооел започна со работа во март 2008 година и со брзо темпо зазема значајно место на македонскиот пазар за мебел. Фирмата постојано се развива и специјализира во проектирањето, изработката и монтажата, главно во сегментот корпусен мебел.

arte-nova-clubeconomy
arte-nova-clubeconomy

ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Постојано ги следиме современите текови ентериерното уредување и производството на мебел, со што како иновативна и флексибилна компанија, успеваме максимално да ги доближиме модерното и функционалното, акцентирајќи ја индивидуалноста што најдобро се гледа во нашите кујни, спални, детски и дневни соби, како и големиот број канцеларии и други деловни објекти што ги имаме опремено.

Нашите инженери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирањето, изработката и монтажата на мебел, ќе Ви помогнат да бидете задоволни од тоа како е уреден Вашиот дом.

arte-nova-clubeconomy
arte-nova-clubeconomy

КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА

Ние сме различни од другите за тоа што Ви нудиме самите да го обликувате Вашиот мебел, според димензиите на просторот. АРТЕ НОВА нуди соработка со архитекти за мебел и уредување на ентериери, од цела Македонија.

  • • Земање димензии од Вашиот простор

  • • Проектирање според Вашите желби

  • • Високо квалитетна изработка, по сите светски стандарди

  • • Превоз до Вашиот дом

  • • Монтажа од врвни специјалисти

ИЗЛОЖБЕН САЛОН

На простор од 2000 m², во современа зграда и современи услови за работа, се сместени изложбениот салон, одделението за проектирање и одделението за производство. Целокупното производство е машинско, користиме исклучиво најсовремени технологии, еколошко чисти и висококвалитетни матерјали. АРТ НОВА постојано ја усовршува производствената линија и се стреми кон врвните светски стандарди и квалитет.

arte-nova-clubeconomy
arte-nova-clubeconomy

МАТЕРИЈАЛИ

Во АРТЕ НОВА сите што сакат можат сами да си го направите својот мебел. Кај нас ќе ви понудиме првокласната иверка со дебелина од 16мм и 25мм, лесонит од 3мм, пластифициран медијапан со дебелина од 18мм и 30мм, се разбира во различни дезени и бои. На располагање Ви стои и нашата машинска изработка на кривини и форми по Ваша желба, праволиниско и кружно кантирање.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Штипски пат бб, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа