Filters
Пребарување
АВТОМАТИКА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Основна дејност на компанијата АВТОМАТИКА е автоматизација на производните и друготе процеси во индустријата и инфраструктурни објекти

- Демонтажа и инсталација на постројки и цели фабрики и преместување од една локација на друга
- СКАДА системи за набљудување и управување со системите за водоснабдување
- Комплетни проекти прецизно приспособени за вашите потреби во процесната индустрија

Подетално за компанијата

Автоматизација

Основна дејност на компанијата АВТОМАТИКА е автоматизација на производните и останатите процеси во индустријата и инфраструктурни објекти. Од нашето портфолио на готови решенија може да понудиме автоматизација на: системи за пакување, системи за складирање и обработка, системи за преработка на храна, постројки за термичка обработка, пумпни станици, филтрација, процесна опрема за приготвување на мешавини во строго дефиниран сооднос и други процеси и системи. Во контекст на решенијата во индустријата можеме да понудиме и изработка на посебни проекти за ваши потреби, како и нивна изведба и автоматизација. Доколку имате специфичен проект или процес ве молиме котактирајте не. Со задоволство ќе разговараме за сите можни решенија кои може да ги примените, а ќе добиете и бесплатна поддршка во процесот на одлучување.

avtomatika-clubeconomy
avtomatika-clubeconomy

Демонтажа и инсталација

Нудиме услуги за демонтажа и инсталација на вашите постројки или цели фабрики и преместување од една локација на друга. Имаме искусен тим за машински, електро и останати процесни услуги, при што на ваше барање вршиме комплетно пакување, утовар и организирање на посебен транспорт до локацијата каде ќе ги монтираме вашите постројки. Како додадена вредност нудиме и автоматизација на чостројките и пуштање во употреба. Во контекст на услугите во индустријата можеме да ги одржуваме постројките - редовно и ад.хок. Во нашето портфолио на завршени проекти е демонтажа и инсталација на фабрики за негазирани пијалаци, пивари, сирупари, како и сета останата процесна опрема која што ги следи.

Системи за водоснабдување и СКАДА

АВТОМАТИКА дооел изработува СКАДА системи за набљудување и управување со системите за водоснабдување, како и на други процеси, како што е, транспорт на руда и преглед на операции внатре во производните хали. Имаме имплементирано СКАДА системи за водоснабдување за ЈП Комуналец Кавадарци. Нудиме потполно наши системи за автоматизација и скада, без потреба од дополнително плаќање на лиценци. Исто така, имаме имплементирано скада систем за управување на транспорт на руда за рударско-металуршкиот комбинат ФЕНИ Индустри и реавтоматизација на старите системи за управување на претовар. Скада системите се изработуваат со цел да се добие ефикасен систем со што помали загуби и подобра контрола на трошењето на ресурсите.

avtomatika-clubeconomy
avtomatika-clubeconomy

Комплетни костумизирани проекти

За потребите на процесната индустрија, како и за останатите гранки нудиме комплетни проекти кои се приспособени прецизно за вашите потреби. Преку изработка на проекти за постројки за вашето сегашно или идно производство, до набавка или изработка на опремата, монтажа и пуштање во употреба. Изработка на комлетни проектни решенија, од проектирање на просторот, електрични и машински решенија и нивна инсталација. Нудиме изработка на специфични делови од опрема кои ќе ви помогнат да сте подобри од конкуренцијата, како и да понудите подобра и поефикасна услуга или производ. АВТОМАТИКА може да го води процесот на остварување на вашите замисли од идеја до реализација на погоните и постројките и да ви ја даде потребната поддршка потребна во текот на експлоатацијата.

АВТОМАТИКА

АВТОМАТИКА е основана на почетокот од 2007 година во Кавадарци. Не постои едно, универзално решение за управување и контрола во индустрискиот сектор, затоа во АВТОМАТИКА постојано се обидуваме да ги идентифицираме потребите на клиентот и да изготвиме техничко решение приспособливо на неговите специфики. Системските решенија за автоматизација кои ги нуди АВТОМАТИКА се одликуваат со иновативност и едноставност, а хардверот кој што се вградува е високо квалитетен – Unitronics, Schneider Electric. Претпријатието покрај автоматизирањето на производните процеси развива услуги за кастомизирани постројки во процесниот инженеринг и комплетна поддршка за нив.

Главна компетитивна предност на АВТОМАТИКА е високиот степен на иновативност, како и know how-то за автоматизирање на производни постројки од разни гранки на индустријата. Нашите решенија се базираат врз високиот степен на знаење од областа на контрола и управување со индустриските процеси и повеќе од 50 успешно спроведени проекти и имплементацијата на најмодерни, но и најефективни решенија за нашите клиенти.

Види повеќе
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Страшо Пинџур бр. 144, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)71/373 004

+389 (0)71/824 432 - Комерција

+389 (0)78/442 425 - Сервис

+389 (0)71/429 333 - Електрика

Социјални медиуми

Лице за контакт

Ванчо Настов: +389 (0)71/373 004 - Управител
Ирена Настова +389 (0)71/824 432 - Комерција
Сашко Несторовски +389 (0)78/442 425 - Сервис


Мапа