Filters
Пребарување
БАДЕМОНТ КОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БАДЕМОНТ КОМ се занимава со увоз и продажба на делови за транспортни средства и земјоделска механизација. Спецјализирани сме за клинести ремени за сите видови моторни возила, земјоделска механизација и најразлични индустриски машини... Во секој момент располагаме со голем лагер од различни димензии. Во асортиманот се опфатени и стеги, мазалици, осигурувачи, црева за висок притисок...

ПРОИЗВОДИ

Подетално за компанијата

Компанијата БАДЕМОНТ е основана во 1994 година и успешно работи во областа на трговијата на големо и мало со резевни делови за транспортни средства и земјоделска механизација.

bademont-clubeconomy
bademont-clubeconomy

Од 2007 година акцентот е ставен исклучиво на увоз и дистрибуција на клинести ремени кои се користат во сите видови индустрии, кај земјоделската маханизација, во индустријата кај разни машини, како и кај машинскиот парк на каменоломи и сепарации. Во секој момент располагаме со голем лагер на клинести ремени од најразлични димензии, што е особено значајно за да имаме задоволни клиенти, чиј број постојано се зголемува. Основното мото на БАДЕМОНТ е на пазарот да понудиме квалитетен производ, со достапни цени и да имаме брза и навремена дистрибуција.

bademont-clubeconomy
bademont-clubeconomy

За да излеземе во пресрет на барањата на потрошувачите асортиманот на БАДЕМОНТ се надополнува и со голем избор на: стеги, мазалици, Р осигурачи, осигурачи, црева за гориво кои издржуваат висок притисок до 20 бари, црева за топла вода, со издржливост до 20 бари... Сите производи што ги нудиме на пазарот се произведени од компании кои поседуваат сертификат EN ISO 90001:2015.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Кичевска бр. 27, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Телефони

+379 (0)74/222 412

+389 (0)70/345 977 - Гоце Трајчевски

+389 (0)77/837 183 - Никола Гацовски

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Гоце Трајчевски
Г-дин Никола Гацовски