Filters
Пребарување
БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС дооел Друштво за ревизија

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Now for tomorrow
Друштвото за ревизија БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС

Како член на Baker Tilly International, нудиме високо квалитетни ревизорски услуги кои се придржуваат до највисоките стандарди за назависност и етика.

БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС дооел Друштво за ревизија

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

20 години искуство

Успехот доаѓа кога одиме напред. Ние ќе ве водиме низ променливиот бизнис свет, преку спојување на знаењето и личните меѓусебни односи за да помогнеме за успешна иднина. Да се соочиме со иднината, заедно.

Горди сме да го откриеме новото лого, визуелниот идентитет и новото мото, како дел од тековната еволуцијаta на брендот Baker Tilly

" Now for tomorrow "
baker-tilly-joanidis-clubeconomy

Создаваме значаjни искуства со нашите клиенти за решавање на нивните проблеми и искористување на новите можности. Глобалното влијание на нашата мрежа нè прави исклучителни претставници на нашата професија.

Горди сме што сме член на Baker Tilly International, една од десетте глобални мрежи за професионални независни сметководители и консалтинг фирми. Ние сме посветени на давање исклучителни услуги на нашите клиенти. Меѓународната мрежа ни дава значителен глобален придонес како дополнување на нашето глобално присуство. Преку нашата локална експертиза, вештини и ресурси им помагаме на нашите клиенти да се развиваат на локално, национално и глобално ниво. Мрежата се состои од 28.000 луѓе во 165 фирми – членки, низ 141 држава. Седиштето на Baker Tilly се наоѓа во Лондон.

baker-tilly-joanidis-clubeconomy
baker-tilly-joanidis-clubeconomy

БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС Скопје е основано на 29 јули 2014 година, како резултат на реорганизација на Друштвото за ревизија Бакер Тили Македонија ДОО Скопје. Како независен член на Baker Tilly International, сме обврзани да ги обезбедиме најдобрите услуги за нашите клиенти во Република Македонија, користејќи го нашето знаење, искуство и глобалните ресурси од Baker Tilly International. БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС, успешно извршува услуги во доменот на ревизија на финансиски извештаи на средни и големи претпријатија, консолидирани финансиски извештаи, осигурителни компании и други финансиски институции. БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС се занимава и со други услуги, како што се: бизнис и менаџмент консалтинг, даночен и финансиски консалтинг, консалтинг за подобрување на системот на сметководствени контроли, плати, проценка, судска експертиза итн.

Ревизија и уверување

- Ревизија на консолидирани финансиски извештаи

- Ревизија на барање на партнерите

- Ревизија кога е основано ново акционерско друштво
 

Повеќе »

Контролинг услуги

- Управување со вашиот контролинг

- Справување со намален кадар

- Зголемување на перформансите на тимот преку додавање на експертиза за контролинг

Повеќе »

Финансиски консалтинг

- Длабинска анализа (Due Diligence)

- Трансферни цени

- Спојување и стекнување
 

Повеќе »

Плати

- Подготовка на декларации за плата

- Пресметка на персонален данок и придонеси

- Обработка на сите вработувања, одјавувања, боледувања, годишни одмори

Повеќе »

Надворешни услуги

- Сметководство и даноци

- Целосна регистрација на вработени

- Материјално сметководство

Повеќе »
Great relationships. Great conversations. Great futures.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Каирска бр. 45/4, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Љубица Јоанидис


Мапа