25 ГОДИНИ УПОРНОСТ, ДОВЕРБА, ПОСВЕТЕНОСТ
Има моменти во животот на една компанија кои не се мерат со бројки. Се мерат со луѓе. Со одлуки донесени во тешки моменти. Со довербата која се гради бавно, но трае засекогаш.
Пред 25 години, мал и амбициозен тим стартуваше со едно убедување дека знаењето, упорноста и искреното партнерство секогаш го наоѓаат своето место. Патот не беше лесен. Имаше моменти на сомнеж, но имаше и нешто посилно од сè, луѓе кои одбиваа да се откажат.
Денес, П.И.К.Ко ДООЕЛ не е само компанија. Таа е приказна за тоа што се случува кога вистинските луѓе работат со вистинска посветеност.
Четвртина век работа на нашиот пазар, цели сериозни 25 години нѐ научија многу. Нѐ научија дека пазарот е непредвидлив, дека кризите доаѓаат, но и дека единствената константа сме ние самите и нашата посветеност.
Иднината е непозната, но она што го имаме е искуство градено со години и знаење кое постојано го надградуваме. Имаме тим кој е сплотен и мотивиран. Имаме партнери во кои веруваме. И имаме клиенти на кои им ветивме и ќе им испорачуваме и во иднина, беспрекорна услуга, иновативни решенија и многу успешни проекти!
До следните 25, и далеку после нив, иднината е во сигурни раце. Бидејки посветеноста не е слоган, таа е начин на живеење и работење, а овие 25 години се најдобриот доказ за тоа.