Подетално за компанијата
Рекламното студио ЧЕЈКОВ е основано во 2016 година и веќе имаме 10 години квалитет и традиција зад себе. Денес, ЧЕЈКОВ е една од најуспешни компании од овој сегмент во Тиквешкиот регион.
Почнувајќи од линијата за печатење на широки формати на ПВЦ фолија, банер (церада), фото тапети и уметничко платно (канвас), обезбедуваме спектар на услуги од високо квалификуван менаџерски тим.
Следејќи ги најсовремените трендови во оваа гранка располагаме со принтери со UV технологија на печатење на пластика, платно, метал и слично, како и изработка на светлосни реклами, тотеми и билборди.


Нашата креативност и стручност е гаранција за остварување на вашата визија кога се работи за модерната технологија, дизајнот и брендирањето. Станува збор за брза услуга и изработка се на едно место, само во ЧЕЈКОВ.
Со употреба на најнови материјали со високо ниво на издржливост и можности за графички дизајн при апликации на прозорци и на возила, сме во чекор со современите стандарди и светската технологија.
Иновативноста, флексибилноста и прецизноста се синоним на нашиот успех, заедно со остварување на желбите на нашите клиенти.
Компанијата ЧЕЈКОВ е со седиште во Кавадарци, но можеме да патуваме до било која дестинација во државата, па и надвор од неа, се со цел заеднички да ги реализираме вашите визии за успешен бизнис и задоволство на вашите клиенти.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Илинденска бр. 53, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија
Мапа
Документи
