Подетално за компанијата
ОД ВИЗИЈА ДО РЕМЕК ДЕЛО
INFINITY ELITE LIVING за три години постоење и неколку завршени објекти стана препознатлив македонски градежен бренд и синоним за луксузни, модерни и квалитетни станбени објекти. Квалитетот е наша навика, а патот до нашиот успех е постојано во градба.


ОРИЕНТИРАНОСТ КОН НАЈДОБРОТО
Приказната почнува од избор на совршена локација, потоа следува избор на архитекти и изведувачи кои целосно ја споделуваат нашата визија. Па избор на најквалитетни материјали, вградување на најсовремена Smart технологија... Секој наш објект се гради со светски сертифицирани материјали и системи, кои овозможуваат нашите купувачи да уживаат во луксузот на колективното домување.
ЗА НАС КВАЛИТЕТОТ Е НАВИКА
За INFINITY ELITE LIVING квалитетот не е обврска, за нас квалитетот е навика. Со секој наш проект продолжуваме да ги следиме најновите светски трендови, да ги иплементираме најдобрите идеи, материјали, системи и технологии. Во моментов градиме во населба Козле на есклузивна локација. Градиме и во населба Црниче, во раскошна природа под падините на Водно, со спектакуларен поглед на Скопје. Проектот е во фаза на карабина и ќе биде завршен во јуни 2026 година.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. АФЖ бр. 45, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia