Filters
Пребарување
ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН се занимава со продажба на светилки за архитектурално и декоративно осветлување, како и опрема за контрола на осветлувањето.
Изработка на светлотехнички проекти и проекти од доменот на електротехниката, од идеа, дизајн, до целосна реализација.

СЕРТИФИКАТИ

Лиценцa А за проектирање градби од Прва категорија

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Архитекти, електро инженери – проектанти, проектни менаџери, инвеститори 

ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Повеќе од 25 години основна дејност на ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН е продажба на светилки за архитектурално и декоративно осветлување.

Во секој проект, од почеток до реализација, учествуваме со предлози и решенија кои внесуваат додадена вредност во архитектурата. За македонските купувачи обезбедуваме светилки и опрема за осветлување од каталозите на 20-тина наши патнери од Европа. Обезбедуваме уникатност на секој проект и best buy решенија во рамките на буџетите на инвеститорите.

elektro-dizajn-clubeconomy
elektro-dizajn-clubeconomy

ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН е пионер во Македонија и пошироко во дизајн на системи за дигитално управување и контрола на електрично осветлување, нивна имплементација и програмирање.

Претпријатието поседува Лиценцa А за проектирање на градби од Прва категорија. Инженерите вработени во ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН поседуваат Овластувања А и Б за изработка на проектна документација од фаза електротехника.

Поради стекнатото искуство и континуираното инвестирање во знаење, следење и имплементација на нови и иновативни технологии ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН добива доверба за учество во меѓународни проекти на територија на Македонија, САД, Израел, Шведска и Косово. Дел од проектите во кои учествувал ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН се публикувани во меѓународни и домашни списанија.

elektro-dizajn-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Васил Ѓорѓов бр. 1/13, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Златко Нонкуловски


Мапа