ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Седиштето на Еуролинк осигурување на нова адреса

Седиштето на Еуролинк осигурување заедно со централната филијала на компанијата се преместуваат на нова адреса на ул. „Пиринска“ бр.23, Скопје, спроти Соборниот храм Св. Климент Охридски. Отсега сите клиенти и соработници на компанијата ќе можат да добијат комплетна услуга на „Пиринска“ бр.23, Скопје, а сите телефонски броеви и дигитални канали за комуникација остануваат непроменети и достапни 24/7.

„Нашиот тим брои повеќе од 200 вработени, од кои речиси 80 работат во седиштето на компанијата. Како растат потребите на нашите клиенти и како се зголемува нивниот број, така расте и нашиот тим, заради што се селиме на новата локација каде добиваме нов, свеж и поголем простор за работа. Во новите простории имаме одлични услови да продолжиме со квалитетна услуга за нашите клиенти, да продолжиме со иновациите кои се наша движечка сила и со воведување новитети кои го обликуваат осигурителниот пазар во земјата“ – изјави г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Од формирањето во 2002 година до денес, Еуролинк осигурување има опслужено речиси 600.000 клиенти, ја држи втората пазарна позиција со 11,57% пазарен удели е пазарен лидер во повеќе класи на осигурување. По преземањето од ГРАВЕ во март 2020 година, компанијата продолжи да работи како посебен правен ентитет во рамки на групацијата под брендот и логото на Еуролинк осигурување, кое неодамна беше дополнето со назнака за членка на групацијата ГРАВЕ. Новата зграда во која се сместува седиштето на Еуролинк осигурување е во сопственост на групацијата ГРАВЕ од Австрија.

Повеќе информации за промената на седиштетот на Еуролинк осигурување може да најдете на веб страницата или преку Контакт центарот на 02/15888 достапен 24/7.