Мисија
Мисијата на ГАБЕВ ФРИГО е да обезбеди највисококвалитетна опрема за ладење и да ги задоволи највисоките стандарди на индустријата преку професионална монтажа и поддршка. Компанијата се фокусира на прецизна контрола на температурата, нудејќи иновативни решенија за различни потреби, од чилери за вино до специјализирани комори за месо и млечни производи, и комори за одржување на овошје и зеленчук. Наша цел е да обезбедиме најдобри можни услови за зачувување на квалитетот на производите, со акцент на енергетска ефикасност и долгогодишна трајност на опремата.