Filters
Пребарување
КОМШИЈА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КОМШИЈА од Прилеп се занимава со продажба на:

- Сите видови алати од познатите брендови DeWalt и Stanley fatmax
- Електро опрема кабли, целата програма на Schneider electric
- Железариски стоки
- Водовод, канализација
- Бои и лакови

ДДМ-МОНТ - продажба, монтажа и сервис на клима уреди

Подетално за компанијата

Компанијата КОМШИЈА од Прилеп се занимава со малопродажба на сите видови железариски стоки, алати, електро материјали, бои и лакови, опрема и материјали за вододод и канализација, клима уреди, вентилатори... Располагаме со модерен, современо уреден продажен простор во кој ќе најдете се што ви е потребно за вашите домашни и професионални проекти, по достапни цени и со врвен квалитет.

komsija-prilep-clubeconomy

Во продавницата на КОМШИЈА, отворена во октомври 2024 година, располагаме со сите видови електрични алати од познатите брендови DeWalt и Stanley fatmax, како и со целата линија на алати од брендот Deli.
 
 

Во делот електро материјали и електро опрема имаме широка понуда на кабли, потоа целата програма на Schneider electric, голем избор на опрема за осветлување и се што е потребно за изведување на електрични инсталации.
 
 

Како секоја добро опремена железарија и КОМШИЈА има голем избор на штрафови, бои и лакови, рачен алат, градинарска опрема и алат, тримери, вештачка трева, потоа материјали за водовод и канализација, најквалитетни црева за наводнување, по најдобри цени, во големини од 1/2, 3/4 и 1 цол...

komsija-prilep-clubeconomy

Преку компанијата ДДМ-МОНТ сме вклучени и во сегментот климатизација, греење и ладење. Тоа е наша компанија која се занимава со продажба, монтажа и сервис на клима уреди. Работиме со сите познати брендови на македонскиот пазар, со обучен тим на монтери и мајстори и потребен контингент на оригинални резервни делови.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Александар Македонски бр. 169, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа